вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Балкан

Русија се меша во внатрешните работи на Косово, оценуваат косовските институции и претставници на политички партии

Приштина, 3 јули (МИА) - Косовските институции и партиите на косовските Албани го осудија денеска соопштението на руското Министерство за надворешни работи, во кое се поздравува формирањето паралелни српски органи на власта на Косово и оценија дека Русија се меша во внатрешните работи на Косово.

Претставниците на политичките партии нагласуваат дека ваквите руски ставови ги попречуваат демократските процеси на Косово.

Сабри Кичмари од Демократската партија на Косово смета дека таквото соопштение претставува иште една во низата грешки, кои Русија ги направила во однос на Косово.

- Тоа е уште еден во низата неразбирливи ставови на руската дипломатија во Советот за безбедност, која таа ги имаше уште во времето на војната на Косово. Од наш агол тоа може да се гледа како мешање во внатрешните работи на Косово, но и како обид за зајакнување на параполитичките неинституционални механизми, кои се обидуваат да ја дестабилизираат нашата земја, изјави Кичмари.

Официјална Москва соопшти во вторникот дека формирањето на Собранието на српските општини на Косово е „логична реакција на нелегалното еднострано прогласување на независноста на Косово, нагласувајќи дека неалбанската заедница има право да не ја признава квазидржавата што Приштина ја прогласи“.

Бајрам Косуми, поранешен претседател на Владата од Алијансата за иднината на Косово, вели дека таквите изјави предизвикуваат судир, а не решение во регионот. 

- Русија направи уште еден чекор во попречување на демократските процеси на Косово и во регионот. Руската дипломатија досега успеваше и до некаде имаше успех во попречувањето на создавање стабилност и мир во косовската држава и во регионот. Сега направи уште еден чекор кој е насочен кон попречување на стабилноста и мирот на Косово и во регионот, додаде тој. 

Љуфри Хазири, потпретседател на Демократскиот сојуз на Косово, смета дека создавањето на едно „т.н Собрание и поддршката од руската Влада ќе ги генерираат проблемите“.

- Апсолутно е неодржливо образложението, актот и самата декларација. Собранието на српските општини на Косово како нелегитимен орган, паралелна структура не придонесува за стабилноста и интеграцијата на Србите во косовските институции, истакна Хазири.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Турција предвидува нова копнена операција во Северен Ирак против ПКК
Хрватската полиција изврши информативен разговор со 30 лица, но не приведе никого во врска со убиството на Ивана Ходак
Aлбанскиот премиер Бериша во посета на Германија
Утрешниот штрајк на националниот сообраќај ќе ја парализира Грција
Локалните избори во Босна во согласност со демократските стандарди, според Конгресот на локалните и регионални власти
Учителската федерација во Романија го даде на суд премиерот и двајца министри
Во Сараево уапсен водачот на муџахедините во БИХ Абу Хамза
Гејтс: Војниците на САД остануваат на Косово уште најмалку една година
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи