сабота, 06.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

ОБСЕ за пропустите на косовското праводуство во врска со мартовските насилства од 2004 година

Приштина, 3 јули (МИА) - Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово денеска го претстави извештајот под наслов „Четири години подоцна - преглед на предметите поврзани со мартовските немири во 2004 година во кривичниот и правосуден систем во Косово“.

Во извештајот е оценето дека тие случувања од март 2004 година  „сериозни ги нарушиле напорите на Косово да стане толерантно мултиетничко општество“. ОБСЕ укажува на многубројните сериозни пропусти на косовското правосудство за казнување на одговорните за насилствата.

Извештајот се осврнува на работата на правосудниот систем на Косово во постапките поврзани со утврдување на вината за делата извршени за време на мартовските насилства.

- Судовите на Косово и натаму имаат потешкотии во добивање на изјави на сведоците, физички лица или полицајци, бидејќи тие не се појавуваа пред судот или даваат изјави кои се разликуваа она што претходно го изјавуваа, се наведува во извештајот.

ОБСЕ укажува дека многу често се случува осомничените сторители на одредени кривични дела да не бидат обвинети и казнети согласно тежината на стореното дело. Судовите, според ОБСЕ, често не ја земале предвид околноста за постоење етнички мотив, како причина за многу од извршените злосторства.

Обвинетите, кои се товарат за тешки кривични дела, како што е палење на религиозни споменици или ранување на луѓе, меѓу кои и полицајци, често добивале благи казни, чие извршување во многу случаи е суспендирано, се наведува во извештајот.

ОБСЕ изразува загриженост и поради малиот број на покренати обвиненија, односно од март 2004 до април оваа година се обвинети 242 лица за мартовските насилства. Од декември 2005 година биле покренати само 21 нов предмет, што значи дека од март 2004 година обвинителите покренале постапки против само 400 лица, а во нередите учествувале повеќе од 50 илјади лица.

Бранот насилства на Косово доби замав на 17 и 18 март 2004 година, откако беа пронајдени телата на две деца во реката Ибар, во близина на селото Чабра, северно Косово. Тоа беше повод за масовни демонстрации на косовските Албанци, кои ги обвинија Србите за смртта на децата. Во немирите се убиени 19 лица - 11 косовски Албанци и осум косовски Срби, а ранети се повеќе од 900 лица, меѓу кои и 65 припадници на меѓународната полиција и 58 припадници на Косовската полициска служба. Уништени се повеќе од 800 објекти, меѓу кои 29 цркви и манастири. Неколку илјади Срби ги напуштија домовите.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Над 90 илјади цивили биле убиени за време на војната во Босна
Група грчки анархисти одзеле храна од супермаркет и ја делеле на народот
Група грчки анархисти одзеле храна од супермаркет и ја делеле на народот
Германија ќе ја поддржува Србија кон членството во ЕУ
Батаљон од 120 албански командоси замина за Ирак
Шефот на УНМИК најавува преговори меѓу Белград и Приштина
Стипе Месиќ - претседател со најголема плата на Балканот
Во Босна и Херцеговина почнува кампањата за локалните избори
Повлечен предлогот за дипломатски претставник на Косово во САД
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи