Бугарската Влада ќе купува од Белгија две фрегати и еден миноловец
Софија, 3 јули (МИА) - Бугарската Влада ќе купи од Белгија две фрегати од типот Е-71 „Вилинген“ и миноловец од типот „Флауер“ за потребите на бугарската армија, се предвидува со нацрт договорот, одборен на денешната владина седница, кој треба да биде ратификуван од Парламентот.
Со добивањето на фрегатите и миноловецот воената морнарица ќе може да ги исполни поставените пред неа цели за одбранбен систем во рамките на НАТО.
Бродовите го имаат неопходното современо оружување и технички средства и имаат целосна оперативна компатибилност со бродовите на НАТО.
Цената на двете фрегати и миноловецот, дополнителната опрема, резервните делови и инструменти, стимулаторите за обука на бугарските сили, како и обуката на екипажите во Белгија, кои се вклучени во основната конфигурација на договорот, изнесува 54 милиони евра.
|