
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Белград упати протестна нота за демаркацијата
Белград, 3 јули (МИА) - Српското Министерство за надворешни работи денеска му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор во Белград Александар Василевски поради продолжувањето на активностите за демаркација на границата на Република Македонија со Република Србија во делот на Косово, јави Танјуг.
Како што пренесува МИА, во протестната нота се наведува дека со демаркацијата грубо се крши Договорот за протегањето и опис на државната граница од 2001 година.
- Македонската страна со почнувањето на демаркацијата на границата со Србија во делот кон Косово и Метохија преку соработка со неовластените органи од Приштина, покажува дека не го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Србија и не ја уважува како договорна страна. Тоа е спротивно на духот и одредбите на Договорот за регулирање на меѓусебните односи и унапредување на соработката од 1996 година, се наведува во соопштението на српското МНР.
Во нотата се наведува дека за Србија се неважечки „сите договори и активности кои македонската страна ги реализира во соработка со ненадлежните органи на Косово и Метохија“ и оти кршењето на меѓународните норми од страна на Република Македонија ќе биде изнесено пред надлежните институции на Обединетите нации.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|