Албанија има еден милион емигранти
Тирана, 3 јули (МИА) - Албанија, која според последниот попис има околу 3,4 милиони жители, има околу еден милион емигранти во други земји, што значи дека една третина од населението емигрирало во последните 17 години.
Според статистичките податоци, во Грција со регулиран престој има 481.660 албански граѓани, (иако нивниот број се проценува на над 600 илјади), во Италија има 282.650 , додека останатиот број се во други западно европски земји, САД и Канада.
Како што пренесува дописникот на МИА од Тирана, за првпат по повод втори јули денот на албанските емигранти, министерот за труд и социјални прашања, Коста Барка, изнесувајќи ги бројките призна дека земјата буквало живее од емигрантите, но оти треба да се работи за нивно враќање во земјата.
Албанските емигранти годишно внесуваат по една милијарда евра во матичната земја, иако призна Барка, во првата половина од годинава, за првпат во последните десет години тие бележат намалување.
|