
|
 |
Вести / Балкан
Партија на правдата и развојот ја изнесе својата одбрана пред Уставниот суд
Анкара, 3 јули (МИА) - Владеачката турска Партија на правдата и развојот денеска ја изнесе пред Уставниот суд својата усна одбрана, во врска со обвиненијата што се покренати против неа за антисекурална активност.
Одбрана ја изнесоа државниот министер и вицепремиер Џемил Чичек и заменик-претседателот на парламентарната група на партијата Бекир Боздаг
- Обвинителниот акт против партијата содржи противречности, грешна информација и неосновани тврдења, истакна Чичек.
По денешното судско рочиште известувачот на Уставниот суд за случајот Осман Џан треба да изготви извештај за предметот. Додека трае подготовката на извештајот, главниот обвинител на Касациониот суд, како и Партијата на правдата и развојот можат да претстават дополнителни докази.
Извештајот на Џан ќе им биде доставен до 11 членови на Уставниот суд. Претседателот на Уставниот суд Хашим Калач ќе го определи датумот кога членовите на Судот ќе се состанат за детално да го разгледаат барањето за забрана на партијата.
Според турскиот Устав за да биде донесена одлука за укинување на партијата, неопходни се седум од 11 гласови на членовите на Уставниот суд.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|