
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Ергенекон планирала триетапен план за смена на Владата во Турција
Анкара, 3 јули (МИА) - Турската националистичка организација Ергенекон планирала триетапен план за уривање на Владата на Партијата на правдата и развојот, објави денеска телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Првата етапа од планот предвидувал на 6 јули во 40 градови, а во целата земја да бидат организирани митинзи кои ќе провоцираат воружени судири и насилство.
Втората фаза од планот предвидувала членовите на Еренекон да најмат околу 30 снајперисти кои би извршиле серија атентати врз познати личности.
Третата етапа предвидувала преку претседателот на Анкарската трговска комора, Синан Ајгјун, кој беше уапсен во вторникот, да се создаде лоша клима во економијата.
Турската полиција во вторникот уапси 21 лице меѓу кои и интелектуалци и генерали поради поврзаност со Ергенекон. Истрагата против групата почнала во јуни 2007 година по откривање експлозиви во куќа во Истанбул. Подоцна организацијата е обвинета дека подготвувала воен удар против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Ергенекон ја поддржуваат националистичката идеологија и себеси се гледа како бранител на секуларниот режим во Турција и оти истиот треба да биде заштитен од „внатрешниот непријател“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|