
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Кумуцакос: Атина се надева дека Турција ќе ја надмине политичката криза
Атина, 3 јули (МИА) - Турција минува низ критичен момент и Атина се надева дека кризата во внатрешната политика нема да ја ослабнат желбата на Анкара да ги реализира европските цели, да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на критериумите за членство во Европската унија, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.
Тој наведе и дека официјална Атина се надева дека Турција ќе продолжи да работи за подобрување на билатералните односи и за изнаоѓање на решение за поделениот Кипар.
Владеачката Партија на правдата и развојот денеска пред Уставниот суд ќе ја изложи својата одбрана по обвинувањата за антисекуларна дејност, што можат да доведат до нејзина забрана.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|