
|
 |
Вести / Балкан
Болниците во североисточна Грција алармирани од смртен случај на жена заразена со хеморагична треска
Атина, 3 јули (МИА) - Болниците во североисточна Грција се под тревога по смртниот случај на жена, која била заразена со Кримско-конго хеморагична треска откако била касната од крлеж, пренесоа агенциите повикувајќи се на соопштение на Министерството за здравство.
Жената била касната од крлеж додека работела по полето, а починала на 25 јуни во болница во градот Александропулос.
Треската најчесто се јавува кај добитокот, а меѓу луѓето може да се распростанува по крвен пат.
Според Светската здравствена организација заболувањњето завршува со смртен исход кај околу 30 отсто од заразените.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|