
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Во Шведска се заострува прогонот на воени злосторници од поранешна Југославија
Гeтеборг, 4 јули (МИА) - Шведската криминалистичка полиција покрена четири предистражни постапки против лица осомничени за извршени злостроства против човештвото во текот на војните на просторите на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.
Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, една посебна комисија за воени злостроства, која започнала да работи пролетта оваа година, доби засилување од страна на Обвинителството за меѓународни предмети.
„Свенска дагбладет” пишува дека е тешко да се процени колкава е бројката на воени злосторници од просторите на поранешна Југославија кои се кријат во Шведска, но според поранешните проценки на полицијата станува збор за околу 1.000 лица.
– Веројатно би можеле да добиеме интересни податоци од бегалци од поранешна Југославија кои живеат во Шведска. Проблемот е во тоа што многумина не се осмелуваат да не контактираат, на пример поради страв нешто да не им се случи на нивните роднини во татковината, вели Томас Акхеим, член на шведската Комисија за воени злосторства.
Во текот на пролетта Акхеим во неколку наврати патувал во Босна и Херцеговина во потрага по архивски материјали, а во исто време сослушал и повеќе лица.
– Бидејќи е поминато многу време откако се направени злосторставата, документите се најважен доказен материјал. На пример, може да се работи за документација поврзана со издавање воени наредби, посочува Акхеим.
Меѓутоа, како што наведува весникот, некои од истражните постапки траат долго и затоа постои ризик сторените кривични дела да бидат запоставени. Дел од злосторставата кои се под истрага ќе бидат прогласени за застарени по 15 години.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|