Началниците на Генералштабовите на армиите од балканските држави на конференција во Анталија
Анкара, 4 јули (МИА) - Началниците на Генералштабовите на армиите од балканските земји од 6 до 8 јули ќе учествуваат на конференцијата во турскиот туристички град Анталија, објавија турските медиуми.
Началниците на Генераштбовите на армиите на Македонија, угарија, Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија и Грција ќе присуствуваат на конференцијата, на која ќе ќе учествуваат и високи воени претставници и делегации од НАТО и ЕУ.
Од 7 до 10 јули во Анталија ќе се одржи и мешународен семинар за глобална безбедност и меѓународна соработка.
Семинарот ќе го отвори началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, генерал Јашар Бјујукант. На него ќе учествуваат претставници на НАТО, началници на Генералштабови на армиите, министри за одбрана, како и амбасадори од повеќе земји.
|