
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Косово наскоро ќе отвори амбасада во Анкара, тврдат турските медиуми
Анкара, 4 јули (МИА) - Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хачим Тачи се договориле наскоро да биде отворена Амбасада на Косово во Тирана, објавуваат денеска турските весници, повикувајќи се на соопштение од Кабинетот на косовскиот претседател.
Весниците наведуваат дека договорот за отворање на aмбасада во Анкара доаѓа неколку недели откако Сејдиу потпиша указ за отворање на девет косовски дипломатски претставништва во исто толку држави, меѓу кои не беше Турција.
Ваквата одлука на косовските власти предизвика критики во турската јавност, од причина што Турција беше една од првите држави што го призна Косово по прогласувањето на независноста на 17 февруари.
Девете држави за во кои е најавено отворање косовски амбасади се Албанија, САД и седум поголеми членки на Европската унија. Досега не е именуван ниту еден косовски амбасадор во странство, бидејќи е решено во почетокот со дипломатските мисии да раководат вршители на работите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|