
|
 |
Вести / Балкан
Клучни докази за случајот „Ергенекон“ се уништени од судот, пишува турскиот весник „Акшам“
Анкара, 4 јули (МИА) - Турската националистичка организација Ергенекон денеска е една од главните теми во турскиот печат.
Весникот „Хуриет„ пишува дека денеска ќе биде објавена содржината на обвинението против групацијата, во кое е дадена „поблага“ формулација за поврзаноста со турската армија, од чии редови се некои од уапсените во рамките на истрагата, со цел да не се повреди репутацијата на војската. Весникот наместо „врската турски вооружени сили-Ергенекон“ го употребува терминот „осомничената терористичка организација во турските вооружени сили“.
Обвинителот Зекера Јоз, кој го водел случајот против Ергенекон, ги прашал разузнавањето, Генералштабот на армијата и Дирекцијата за борба против тероризмот на турската полиција дали Ергенекон е терористичка организација. Од турската разузнавачка служба и полицијата бил добиен потврден одговор, додека од Генралштабот е одговорено „немаме информација, не знаеме“, наведува „Хуриет“.
Весникот „Радикал“ објави дека за време на истрагата е откриено дека Ергенекон планирал седум атентати против турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. За остварување на своите планови организацијата планирала да искористи и други терористички организации, како на пример крајно левата Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), на која и било испратена прецизна шема на домот на турскиот премиер.
Весникот „Акшам“ тврди дека најголемиот доказ за случајот Ергенекон биле 27-те рачни гранати, кои биле уништени по одлука на судот, иако според судскат процедура требале да бидат сочувани додека трае процесот. Одлуката на судот предизвика збунетост кај некои судии.
- Секој што завршил правен факултет треба да знае дека додека трае процесот и нема судско решение, доказот за вина не може да се уништува, изјави еден адвокат за „Акшам“.
Под насловот „Операција чисти раце“ денешното издание на весникот „Сабах“ пишува дека со текот на истрагата се откриваат и други црни сценарија од минатото. Еден од дадените примери, според весникот, е се уште неразјаснетото убиство на турскиот бизнисмен Јоздемир Сабанџ. Се претпоставува дека Сабанџ бил убиен од Фехрие Ердал, која била член на ДХКП-С. Истата таа работела во зградата на Хусеин Коџадаг, кој загинал во сообраќајна несреќа во 1996 година, позната како „случај Сусурлук“, кој слично со Ергенекон ги сплоти националистичките елементи во државата и во областа на организираниот криминал.
Турската националистичка организација Ергенекон планирала триетапен план за уривање на Владата на Партијата на правдата и развојот, објави вчера телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Првата етапа од планот предвидувал на 6 јули во 40 градови во земјата да бидат организирани митинзи кои ќе провоцираат вооружени судири и насилство.
Втората фаза од планот предвидувала членовите на Еренекон да најмат околу 30 снајперисти кои би извршиле серија атентати врз познати личности.
Третата етапа предвидувала преку претседателот на Анкарската трговска комора, Синан Ајгјун, кој беше уапсен во вторникот, да се создаде лоша клима во економијата.
Турската полиција во вторникот уапси 21 лице меѓу кои и интелектуалци и генерали поради поврзаност со Ергенекон. Истрагата против групата почнала во јуни 2007 година по откривање експлозиви во куќа во Истанбул. Подоцна организацијата е обвинета дека подготвувала воен удар против Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Ергенекон ја поддржуваат националистичката идеологија и себеси се гледа како бранител на секуларниот режим во Турција и оти истиот треба да биде заштитен од „внатрешниот непријател“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|