петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

Си-Ен-Ен Турк: Процесот за забрана на турската владејачка партија може многу брзо да заврши

Анкара, 4 јули (МИА) - Процесот за забрана на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) може да биде завршен за многу кусо време, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на изјава на потпретседателот на Уставниот суд на Турција, Осман Паксјуд.

Според Паксујд, откако АКП вчера ја претстави својата одбрана пред Уставниот суд, постои голема веројатност целиот судски процес да заврши за три до шест седмици. 

Тој нагласи дека судиите во Уставниот суд нема да заминат на летен одмор се додека не биде завршен процесот во врска со барањето за забрана на турската владејачка партија.

Турскиот заменик-премиер Џемил Чичек и потпретседателот на пратеничката група на АКП, Бекир Боздаг вчера пред Уставниот суд речиси шестипол часа усно ја изнесуваа одбраната на партијата во врска со обвинувањата дека го загрозува секуларниот карактер на Турција.

Во вторникот обвинувањата против партијата ги изнесе иницијаторот на процесот за забрана на АКП, обвинителот на Касациониот суд Абдуррахман Јалчинкаја, според кого, партијата станала „центар на антисекуларната активност“ во Турција.


Наjновo од Вести
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Операторите подготвени за услугата преносливост на броеви
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај го презеде командувањето со КФОР
Експлозија во еден од военоиндустриските комплекси во Турција
Сејдиу: КФОР и понатаму и е потребен на Косово
Заедничка воена вежба на Грција, Бугарија, Кипар и Романија за дејствие во кризни ситуации
Тројцата Бугари осомничени за шпионажа во Грција платија кауција од по 3.000 евра
Писатлеката Славенка Дракулиќ ја предупредува ЕУ на „скриеното лице“ на Хрватска
Стефану: Во Кипар има само една држава
Расад на канабис пред седиштето на бугарската Влада
Српскиот министер за одбрана ги повика Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ да се предадат
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи