
|
 |
Вести / Балкан
Шестмина загинати и седуммина исчезнати при превртување на два чамца во Словенија (DPL)
Љубљана, 4 јули (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, додека седуммина се уште се водат како исчезнти по вчерашното превртување на два чамца во реката Сава во Словенија, соопшти денеска словенечката полиција.
Во соопштението се наведува дека спасувачките екипи утрово пронашле тело на уште еден од исчезнатите, со што бројот на жртвите се искачи на шест.
На самото место на несреќата, што се случика на 100 километри од Љубљана, се удавиле тројца од патниците во чамците, додека други тројца биле извлечени од водата и префрлени во болница. Двајца од нив подоцна им подлегнале за здобиените повреди.
Меѓу загинатите е и градоначалникот на местото Севница, кој е и пратеник во словенечкиот Парламент.
Двата чамца со вкупно 14 лица се превртеле поради силниот тек на реката во делот во кој се гради хидроцентрала на Сава. Повеќето луѓе во чамците не носеле спасувачки елеци.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|