
|
 |
Вести / Балкан
Безобразие на рати
Замислете ја следнава „кредитна линија“: да добиете во готово голема сума незаработени пари, а треба да ги вратите дури по две години и тоа на шест рати без камата.
Со право ќе речете дека таков кредит е невозможен и ниедна нормална институција во светот на тоа не би се согласила, бидејќи е јасно дека ќе биде во чиста загуба. Меѓутоа, ова е ситуација од реалниот живот.
На парламентарните политички партии по „грешка“ им се уплатени 750.000 евра за подмирување на трошоците за работата во 2006 година.
Вчера јавноста по бројните протести од страна на медиумите и невладиниот сектор, е информирана дека партиите се согласиле долгот да го вратат на шест рати, така што ќе им биде одбивано од месечното финансирање.
Една полоша варијанта од оваа за која со месеци се обидуваа беше таа дека партиите одбиваа да ги вратат парите.
Веројатно еден од најсмешните изговори беше дека не им било кажано на која сметка да ги уплатат парите!
Првите денови на новото Собрание јасно покажуваат дека функциите и пратениците се менуваат, но нивното однесување останува константно.
Затоа им порачуваме дека и понатаму будно ќе го следиме секој нивен чекор и ќе бараме да ги исправат грешките. Дури и на рати.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|