
|
 |
Вести / Балкан
Соочување со минатото: Свртување кон иднината
4 јули
(Независне новине - Бања Лука)
Со приближувањето на комеморацијата во Сребреница и завршувањето на мојот едногодишен мандат во својство на амбасадор и висок претставник за Сребреница, сакам со вас да поделам некои размислувања за иднината на овој град.
На почетокот сакам да ја потенцирам важноста на конструктивната соработка на домашните и меѓународните власти за да и се посвети поголемо внимание на Сребреница. Одделот на високиот претставник и посебно Амбасадата на САД и понатаму ќе бидат активно ангажирани во ова подрачје. Потребно е да се завршат уште многу работи, но верувам дека Сребреница се движи во позитивен правец.
Секако Сребреница и понатаму ќе биде чувствителен и важен фактор во политичкиот живот на оваа земја. Политичките лидери мудро постапија кога во почетокот на мај ги усвоија измените на изборниот закон, со кој на предвоените жители на Сребреница на октомвриските избори им беше овозможено да гласаат во оваа општина. Ова е соодветна мерка; таа, со право, на преживеаните жители на Сребреница им обезбеди поголемо влијание. Политичките партии сега мора да реагираат така што ќе предложат компетентни кандидати за општинската власт - луѓе кои ќе можат да работат на обединување на граѓаните на Сребреница.
Измените на изборниот закон, сами по себе не претставуваат долгорочно решение за предизвиците со кои се соочува Сребреница, ниту овозможуваат трајни услови Србите и Бошњаците да имаат заедничка иднина во оваа општина. Една идеја за која локалните органи на власта разговараа е измена на општинскиот статут - не за да и се даде на Сребреница „посебен статус“, туку да се воведат процедури за одлучување по пат на консензус за работата во Општинското собрание. Ова може да се направи во согласност со постоечкиот закон. Иако е тешко да се очекува усвојување на вакви измени во предизборниот период, тоа сепак е прашање кое заслужува подетално разгледување.
Проблемите на Сребреница може да се решаваат само врз основа на дијалог; не со конфронтација. Лидерите на локалната заедница со поддршка на Владата на Република Српска направија важен чекор и започнаа разговор за формирање на центар за дијалог во Србереница. Ваков центар би можел да функционира како постојан, независен форум за комуникација меѓу локалните заедници и би требало да добие меѓународна поддршка.
Конечно се реализираат некои елементи од пакет мерките на Советот на министрите на БиХ за помош на Сребреница во износ од 10 милиони КМ, а кој е усвоен во септември минатата година. До задоцнување во спроведувањето дојде поради ограничените капацитети на општината да ги спроведе подготовките за проектот и останатата техничка процедура, па и потребата внимателно да се следат сите процедури околу набавките. Ако овие потешкотии се надминат, а наведените средства ефикасно се трошат, постојат изгледи за понатамошно финансирање од страна на Советот на министрите. Оваа година Република Српска повторно одобри развојни средства за Сребреница.
Иднината на Сребреница најдобро може да се обезбеди по пат на економски развој. Меѓународните донатори мора и понатаму да ги координираат своите активности за пружање помош и да обезбеди овие програми да имаат видливи влијанија со кои ќе се решат приоритетните прашања во оваа заедница. За отварање на повеќе економски можности во Сребреница клучни се приватните инвестиции и создавањето на нови работни места. Со задоволство можам да речам дека УСАИД именуваше постојан деловен консултант, со престој во Сребреница, кој заедно со општината ќе работи на промоција на новите компании и продолжување на активностите започнати со Инвестициската конференција, која се одржа во ноември минатата година.
Приоритети треба да бидат користењето на природните ресурси на ова подрачје, посебно минералните води во Бања „Црн Губер“ и промовирањето на прекуграничната трговија со земјоделски производи. Од таа причина работиме на отварањето на граничниот премин Скелани на реката Дрина за сезонска трговија на земјоделските производи. Со ова Сребреница ќе биде мост за поширока економска соработка на подрачјето на Подриње.
Иднината на Сребреница зависи и од задоволувањето на правдата. Фактот дека локалната и регионалната власт не ги уапсија Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, како и задоцнетото подигнување на истрагата против лицата од т.н. сребренички список и понатаму ќе бидат пречка за напорите насочени кон смирувањето во БиХ и ширум целиот регион. Поради тоа Советот за имплементација на мирот инсистираше БиХ да подготви државна стратегија за решавање на случаите на воените злостори, која ќе утврди јасни стандарди и приоритети за истрага и кривично процесуирање на сите воени злосторства. Ние, локалните и меѓународните органи на власта, носиме заедничка одговорност за реализација на овие чекори што е можно побргу. Заедно можеме да помогнеме на граѓаните на Сребреница да се соочат со минатото и на тој начин да се свртат кон иднината.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|