
|
 |
Вести / Балкан
Петмина Албанци ослободени од обвинението за рушење на црногорскиот уставен поредок
Подгорица, 4 јули (МИА) - Петмина од 18 Албанци, кои пред две години беа обвинети за рушење на уставниот поредок на Црна Гора, ослободени се од обвинението.
Црногорскиот обвинител за организиран криминал Стојанка Радовиќ вчера го промени првичното обвинение за овие петмина, менувајќи го во полесно кривично дело „неовластено поседување оружје и експлозивни направи“, објавија денеска медиумите во Подгорица.
Останатите 13 членови на групата, која е уапсена во септември 2006 година во акцијата „Орлов лет“ поради подготовка на оружен бунт во Малесија, се товарат за кривично дело здружување поради противуставна дејност и безбедност на Црна Гора, односно поради подготвување терористички акции и започнување војна, пренесуваат медиумите.
Сите обвинети за време на повеќемесечниот судски процес, кој предизвика големо внимание во црногорската и меѓународната јавност, како и кај американската амбасада во Подгорица, ја отфрлаа вината за делата за кои се товарат.
Двајцата од обвинетите Васељ Дедвукај и Дода Љуцај се американски државјани и членови на здружението на Албанци во Детроит, кои, како што наведуваат подгоричките медиуми, и давале финансиска помош на терористичката Ослободителна војска на Косово.
Завршниот збор на главниот обвинител е закажан за 8 јули во Вишиот суд во Подгорица.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|