вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Балкан

Нови експлозии во воениот магацин кај Софија

Софија, 4 јули (МИА) – Во магацинот за муниција во близина на Софија во текот на изминатата ноќ одекнале 14 помали експлозии, но ситуацијата е под контрола по пожарот кој вчера изутрината предизвика неколку силни детонации во овој воен објект, соопшти денеска Цивилната одбрана, повикувајќи се на бугарското Министерство за вонредни ситуации.

Населението кое живее во близина на воениот објект, кај местото Челопечене, на околу 10 километри источно од Софија, главно не излегува од своите домови, а снабдувањето со струја полека се нормализира, соопштија бугарските власти, додавајќи дека нема место за паника.

Авионите синоќа почнаа да слетуваат на аеродромот во Софија, кој во текот на вчерашниот ден беше неколку часа затворен поради силните експлозии во магацинот за уништување на застарената муниција.

Бугарскиот министер за одбрана Николај Цонев вчера истакна дека не постои опасност од загадување на воздухот, имајќи предвид дека најголема закана претставува околу 20 тони високо експлозивниот тринитротолуол (ТНТ), кој вчера гореше но тоа не доведе до експлозија.

Во воениот магацин се уште се присутни експертските екипи на Министерствата за одбрана и за вонредни ситуации, како и на воената полиција и припадниците на жандармеријата.

Бугарскиот претседател Георги Прванов вчера го посети местото на инцидентот, а премиерот Сергеј Станишев свика вонредна седница на Владата. Истрагата за причините за експлозиите е во тек.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Турција предвидува нова копнена операција во Северен Ирак против ПКК
Хрватската полиција изврши информативен разговор со 30 лица, но не приведе никого во врска со убиството на Ивана Ходак
Aлбанскиот премиер Бериша во посета на Германија
Утрешниот штрајк на националниот сообраќај ќе ја парализира Грција
Локалните избори во Босна во согласност со демократските стандарди, според Конгресот на локалните и регионални власти
Учителската федерација во Романија го даде на суд премиерот и двајца министри
Во Сараево уапсен водачот на муџахедините во БИХ Абу Хамза
Гејтс: Војниците на САД остануваат на Косово уште најмалку една година
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи