вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Поранешните први луѓе на ФК „Црвена ѕвезда“ ослободени од притвор

Белград, 4 јули (МИА) - Врховниот суд на Србија денеска им го укина притворот на тројцата поранешни први луѓе на фудбалскиот клуб „Црвена ѕвезда“ Драган Џајиќ, Владимир Цветковиќ и Милош Маринковиќ, бидејќи веќе не постои ниту една причина за нивно задржување, соопшти судот, а пренесе Танјуг.

Адвокатот на Џајиќ, Драган Савиќ за српската агенција изјави дека тие во текот на попладнево ќе бидат пуштени на слобода. 

Џајиќ, Цветковиќ и Маринковиќ се уапсени на 5 фверуари и во притвор, кој три пати им беше продолжуван, минаа цели пет месеци. 

Врховниот суд наведува дека како неосновани ги одби предлозите на истражниот судија и обвинителот притворот да им се продолжи за уште еден месец, имајќи ги, пред се,  во вид времето на извршување на кривичните дела и фактот дека повеќето членови на Управниот одбор на овој клуб се веќе сослушани. 

Џајиќ од 23 април се наоѓа на лечење на ВМА, додека Цретковиќ и Маринковиќ цело време се во притвор во Централниот затвор во Белград.

Истрагата против нив, која ја води Окружниот суд од Белград, поради неправилности во врска со трансферите на фудбалерите на овој клуб, е при крај и остана да се сослушаат уште само петмина сведоци.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи