
|
 |
Вести / Балкан
Од почетокот на годинава досега Турција ја зафатија околу 700 шумски пожари
Анкара, 4 јули (МИА) - Околу 700 шумски пожари избувнаа од почетокот на годинава во Турција, пренесува МИА.
- Во периодот од јануари досега Турција ја зафатија 681 шумски пожар, поради што се изгорени 1.400 хектари шума, потврди директорот на шумското стопанство при Министерството за животна средина, Осман Кахвеџи.
Кахвеџи истакна дека минатата година во истиот период во земјата избувнале 989 пожари.
Според него, 90 проценти од пожарите се предизвикани од човечка негрижа и невнимание.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|