понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи седница за ситуацијата на Косово

Белград, 24 јули (МИА) - Во Њујорк утре ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на ОН, посветена за ситуацијата на Косово, на која што ставовите на Србија ќе ги пренесе министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ. Косовската делегација ќе ја предводи шефот на УНМИК, Ламберто Занијер.

Јеремиќ на седницата ќе ги застапува интересите на Србија за Косово, кои се однесуваат за власта во Белград за спорната реконфигурација на меѓународното цивилно присуство во Косово без соодветна одлука на највисокото тело на светската организација.

Во косовската делегација покрај Занијер, ќе присуствува и министерот за надворешни работи Скендер Хисени.

Расправата ќе биде посветена на кварталниот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, со кој тој практично даде „зелено светло“ на својот специјален пратеник Занијер да го отпочне процесот на преобликување на УНМИК.

Седницата ќе биде можност шефот на УНМИК и министерот за надворешни работи на Србија оваа седмица уште еднаш да ги разменат своите мислења и ставови за Косово и процесот за реконфигурација на мисијата на ОН.

Со планот на Марти Ахтисари предвидено е УНМИК да биде заменет со мисијата на ЕУ - Еулекс.

Во извештајот за Косово Бан наведе дека Еулекс  работи под „чадорот“ на ОН, додека Занијер ќе има авторитет и ќе раководи со целата мисија.

- Дадов налог на УНМИК да соработува со Европската унија, за да се обезбеди оперативна улога на Косово во областа на владеењето на правото под сеопфатен авторитет на ОН, наведе Бан и додаде дека процесот на реконфигурација е во интерес на ОН, со оглед на тоа дека новата меѓународна улога на Косово ќе „служи да се зачуваат достигнувањата на УНМИК“.

Бан нагласи дека ОН се неутрални кон декларацијата на косовската независност и стапувањето во сила на Уставот на Косово, иако, како што наведе, со тие случувања мандатот на УНМИК бил доведен во прашање.

Генералниот секретар на ОН оцени дека официјална Приштина и косовските Срби многу повеќе се оддалечиле поради донесувањето на Уставот и одбивањето на Србите да го прифатат, и како што рече тој, со поддршката на Белград за натамошен бојкот на косовските институции и функционирањето на паралелни структури, посебно на северот на Косово.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи