Во Албанија копајќи загинале четири лица
Тирана, 24 јули (МИА) - Во селото Хинк во близина на албанскиот град Берат изутринава се случила трагедија, кога при ископ на бунар во двор на една куќа животот го загубиле четири лица, отако ги удрила струја.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, според полицијата животот го загубиле Џевахир Бахо, Агрон Пепа, Џевахир Ребеши и Хекуран Бехари.
Тие, според полицијата вршеле ископ на бунар со сонда, која го погодила кабелот за електрична енергија со висок напон, при што смртта настапила веднаш.
|