
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Хашкото обвинителство проверува дали треба да се менува обвинението против Караџиќ
Белград, 24 јули (МИА) - Обвинителството на Хашкиот трибунал врши проверка за тоа дали обвинението против Радован Караџиќ од 2000 година треба да се менува или усогласува поради истекот на времето, изјави портпаролот на Обвинителството Олга Кавран.
- Обвинението против некогашниот претседател на Република Српска содржи 11 точки, а Обвинителството моментално проверува дали тие треба да се усогласат со судската пракса во изминативе осум години, евентуално со доказите што се собрани во меѓувреме и со други елементи, истакна Кавран.
Таа потсети дека првото обвинението против Караџиќ е покренато во јули 1995 година, во ноември истата година тоа е дополнето со обвинието за геноцид, а пред осум години поанешниот главен јавен обвинител на Трибуналот Карла дел Понте го објави сегашното обвинение по кое би требало да му се суди на Караџиќ.
Кавран додаде дека Обвинителството е подготвено за процесот против Караџиќ и оти очекува судењето да почне навреме.
Со обвинението Караџиќ се товари се геноцид, вмешаност во геноцид, ликвидирање, убиства, казнување, депортација, нехумани дела и останати злосторства против муслиманите, Хрватите и други несрпски цивили во Босна и Херцеговина за време на војната во поранешната југословенска република.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|