
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Грција зафатена од пожари
Атина, 24 јули (МИА) - Грција е зафатена од пожари, а најкритична беше ситуацијата во Крионери, северозападно од Атина, откако кон селото, кое се наоѓа во подножјето на планината Парнет, почна да се приближува огнот, кој од вчера уништи стотици декари шумски површини, јавуваат грчките медиуми.
Огнот стигнал до куќите и многу жители на Крионери биле принудени да го напуштат. Властите ги евакуирале работниците во индустриското претпријатие кое се наоѓа во близина на пожарот.
Порад густиот чад и силниот ветер беше отежнато гаснењето на пожарот и движењето на возилата по патиштата. Патниците кои минуваа преку регионот со возови исто така беа евакуирани.
Пожар беснее и во шумската област покрај археолошкиот комплекс во околината на Месолонги во заливот на Патра. Во огнот се уништени археолошки споменици, соопшти Министерството за култура.
Делумно се совладани пожарите на островите Родос, Крф, Кефалонија и Крит и на планината Пангео во северногрчкиот град Серес.
Од грчката цивилна заштита предупредуваат за постоење на висок ризик од појава на нови пожари во повеќе региони на земјата и на повеќе острови во Егејското и Јонското море.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|