
|
 |
Вести / Балкан
Караџиќ го користел идентитетот на мртов босански војник
Белград, 24 јули (МИА) - Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се криел зад идентитетот на личност, која починала пред 15 години во Сараево.
Караџиќ го користел името Драган Давид Дабиќ и имал документи за лична идентификација, издадени на тоа име, јавувата локалните медиуми, напоменувајќи дека Дабиќ бил војник на Република Српска и починал во Сараево во 1993 година за време на војната.
Документите кои ги користел Караџиќ биле издадени легално во градот Рума, на околу 50 километри од Белград, најверојатно со помош на претставници на власта од РС.
Во Србија за да добие лична карта барателот треба да поднесе државјанство, извод од матична книга на родени, старата лична карта и да даде и отисок од прст. Караџиќ не бил државјанин на Србија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|