
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Почнува изградбата на нов терминал на тиранскиот аеродром
Тирана, 24 јули (МИА) - На меѓународниот аеродром во Тирана утре ќе почне изградбата на нов терминал.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, станува збор за реализација на т.н. фаза Б од договорот со концесионерот за модернизација на аеродромот.
Работите на инвестицијата вредна 20 милиони евра, ќе ги извршува германската фирма „Диви Консалт Интернешанал“, а треба да завршат до септември идната година.
Според извршната директорка на аеродромот, Андреа Гебекен, со овој зафат се проширува терминалот за патници со што покрај зголемувањето на капацитетот за прим на многу поголем број патници, на повисоко ниво ќе се подигнат стандрадите за безбедност, удобност и услуги.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|