
|
 |
Вести / Балкан
Поголем дел од Романија погодена од обилни дождови и силни ветрови
Букурешт, 24 јули (МИА) - Обилните дождови предизвика поплави во некои реони на Романија. Во округот Сучава, Северна Романија десетици куќи беа поплавени, жителите од 25 куѓи беа евакуирани, а шест мостови беа урнати од надојдената вода, чие ниво се искачи на 1,5 метри.
Во неколку градови во Централна Риоманија во прекин беше снабдувањето со електрична енергија поради силната бура, каде брзината на ветрот достигна и до 60 километри на час.
Метеоролозите предвидуваат дека обилни дождови ќе има и утре, пред се во северозападниот дел од Романија. Националната метеоролошка служба вчера прогласи жолт степен на тревога во 11 реони на Романија поради силните ветрови и обилните дождови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|