
|
 |
Вести / Балкан
Плакати за поддршка на Караџиќ и Младиќ осамнаа во Вишеград и Зворник
Сараево, 24 јули (МИА) - Плакати со кои се изразува поддршка на поранешните лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ осамнаа денеска во грдовите Вишеград и Зворник во источниот дел на Босна и Херцеговина.
На некои од плакатите има фотографија на Караџиќ, кој беше уапсен во понеделникот во Белград, на кои пишува „Сите сме Радован Караџиќ“ и „Претседателе ние сме со тебе“. На други плакати има фотографија на Младиќ на кои пишува „Генерале нема да те предадеме“ и „Сите те поддржуваме“. Покрај овие, има и плакати на кои се наоѓа заедничка фотографија на Караџиќ и Младиќ под која пишува „Херои“.
Околу пладне полицијата започна со отстранување на плакатите.
Хашкиот суд во 1995 година покрена обвиненија против Караџик и Младиќ за воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година во која загинаа околу 200 илјади лица.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|