Вести / Балкан
Две деца загинаа при експлозија во Југоисточна Турција
Анкара, 24 јули (МИА) - Две деца загинаа, а две други се повредени денеска, при експлозија на мина во градот Лиџе во реонот на Дијарбекир во југоисточниот дел на Турција.
Како што јави турскиот инфо сајт Хабер 3, засега не е познато како дошло до експлозијата.
Во реонот на Дијарбекир е активна терористичката Курдска работничка патија (ПКК), која често користи мини при своите напади.
|
|