вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Грчките докери се судрија со полицијата откако осум работници умреа во запален танкер

Атина, 25 јули (МИА) - Грчките докери денеска се судрија со полицијата надвор од Министерството за трговска морнарица за време на протестот поради смртта на осум лица во инцидентот со еден танкер во блзиина на Атина, јави АФП.

Полицијата употреби гас за да ги подели откако демонстрантите се обидоа да навлезат во зградата на Министерството, барајќи да се видат со министерот за трговска морнарица Георгиос Вулгаракис.

Разделените демонстранти го оштетија автомобилот на министерот и фрлаа камења врз полиските сили, кои беа посторени пред нив, повредувајќи осуммина полицајци и петмина крајбрежни чувари, соопшти Министерството за трговска морнарица.

До судирите дојде откако две лица беа најдени мртви во внатрешноста на танкер што пренесува течен гас, а на кој вчера изби пожар при негова поправка во доковите на Перама, предизвикувајќи ја потоа смртта на вкупно осум лица.

-Пожарот на танкерот што пловеше под панамско знаме, а е во сопственост на грчка компанија се верува дека  е предизвикан од невнимание, изјавија од официјалната истрага.

Вулгаракис изрази „длабоко жалење“ по несреќата, која грчките медиуми ја оценија како најтрагична во бродоградилиштето во Перама и соопштија дека истрагата е во тек.

Двајца членови од екипажот за оддржување се уапсени по последниот инцидент, но синдикатот денеска почна тридневен штрајк. Тие најавија долги протести бидејќи како што викаат имаат сиромашни безбедносни услови за работа во Перама.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи