понеделник, 08.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

Германија може да побара активирање на предпристапните клаузули за Бугарија и Романија, тврди романски инфо сајт

Букурешт, 25 јули (МИА) - Постои можност германскиот Парламент да ја овласти Владата во Берлин во текот на претстојнава есен да побара од Европската унија активирање на предпристапните клаузули за Бугарија и Романија, тврди романскиот инфоративен сајт ziare.com.

Пред приемот на Бугарија и Романија во ЕУ на 1 јануари 2007 година, Унијата констатира дека двете земји не ги исполнуваат во целост европските стандарди, поради што во договорите за нивно челнство беа вклучени предпристапни клаузули, кои предвидуваат мерки за санкционирање доколку двете држави не ги исполнат поставените критериуми за справување со корупцијата и организираниот криминал.

Романскиот сајт наведува дека претседателот на Комисјата за европски прашања на Бундестагот, Гинтер Крихбаум изразил жалење поради тоа што во извештајот за напредокот на двете земји во исполнувањето на европските стандарди, Европската комисија не предложила активирање на претпристапните клаузули за Бугарија и Романија.

- Би сакал во случајот на Бугарија Европската комисија не само да извршеше анализа, туку и да формулираше конкретни препораки, односно итно активирање на предпристапната клаузула. За жал Еврокомисијата немаше доволно храброст да направи нешто такво, изјави Крихбаум.

Во врска со Романија, тој оцени дека оваа земја е отидена понапред во справувањето со корупцијата и организираниот криминал во споредба со Бугарија, но дека романскиот Парламент и натаму ги блокира „големите корупциски дела“, со што државата ризикува да се соочи со активирање на предпристапната клаузула.

Според Крихбаум,  препораките на Комисијата сепак не претставуваат конечни решенија, бидејќи секоја земја-членка на ЕУ одделно може да предложи активирање на предпристапните клаузули.

- Сметам дека треба сериозно да размислиме за ваков предлог до Европскиот совет, изјави Крихбаум, додавајќи дека за ваквата можност Комисијата за европски прашања на Бундестагот ќе расправа по завршувањето на летните одмори, кога и ќе ги разгледа извештаите  на Еврокомисијата за Романија и Бугарија.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Над 90 илјади цивили биле убиени за време на војната во Босна
Група грчки анархисти одзеле храна од супермаркет и ја делеле на народот
Група грчки анархисти одзеле храна од супермаркет и ја делеле на народот
Германија ќе ја поддржува Србија кон членството во ЕУ
Батаљон од 120 албански командоси замина за Ирак
Шефот на УНМИК најавува преговори меѓу Белград и Приштина
Стипе Месиќ - претседател со најголема плата на Балканот
Во Босна и Херцеговина почнува кампањата за локалните избори
Повлечен предлогот за дипломатски претставник на Косово во САД
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи