вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Балкан

Радован Караџиќ сослушан поради тврдењата дека е „незаконски уапсен во петокот“

Белград, 25 јули (МИА) - Српскиот заменик-обвинителот за воени злосторства Драгољуб Станковиќ денеска го сослуша поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ во својство на оштетена странка, во врска со неговите тврдења дека бил „незаконски уапсен“ и дека бил „три дена држен затворен во некоја просторија“.

Адвокатот на Караџиќ, Светозар Вујачиќ поднесе кривична пријава против непознат сторител, поради „противправно лишување од слобода и незаконско задржување на Караџиќ во периодот од 18 до 21 јули“.

По денешното сослушување, Вујачиќ изјави дека Караџиќ речиси два часа на обвинителот Станковиќ му го опишал начинот на кој бил уапсен и спроведен на 18 јули и дека е однесен на „за него до ден денешен непознато место“.

- Сосема е јасно дека Караџиќ е уапсен на 18 јули и дека се неточни наводите на Обвинителството за воени злосторства за датумот на неговото апсење, изјави Вујачиќ.

Српските власти во вторникот соопштија дека Караџиќ бил уапсен во понеделникот вечерта во околината на Белград, додека го менувал местото на престојување. Меѓутоа, Караџиќ и неговата одбрана тврдат дека тој бил уапсен во петокот на 18 јули во вечерните часови на автобуска станица кај белградската населба Батајница.

Вујачиќ исто така изјави дека не очекува неговиот клиент да биде пренесен во Хаг „пред идната среда“, најавувајќи дека „денеска што подоцна“ до Окружниот суд ќе поднесе жалба на одлуката за предавање на Караџиќ на Хашкиот трибунал.

Обвинителството на Хашкиот суд го товари Караџиќ за геноцид, вмешаност во геноцид, ликвидации, убиства, казнувања, депортации, нехумани дела и други злосторства извршени врз муслимани, Хрвати и други несрпски цивили во Босна и Херцеговина за време на Војната во оваа држава од 1992 до 1995 година.


Наjновo од Вести
Струмичкото стопанство за девет месеци оствари извоз од околу 50 милиони евра
Дирекцијата за храна изврши контроли во 32 објектa низ Скопје
Јанез Јанша сака да го тужи финскиот новинар
Во Куманово почна судскиот процес против Халили обвинет за убиство на командирот на Полициската станица во Матејче
Франција: Обвинителот бара Вилпен да биде вратен пред судот
Можен кредит од ЕБОР за четири земји од Западен Балкан
Русија лансира сателит за изучување на молњи
Турција предвидува нова копнена операција во Северен Ирак против ПКК
Хрватската полиција изврши информативен разговор со 30 лица, но не приведе никого во врска со убиството на Ивана Ходак
Aлбанскиот премиер Бериша во посета на Германија
Утрешниот штрајк на националниот сообраќај ќе ја парализира Грција
Локалните избори во Босна во согласност со демократските стандарди, според Конгресот на локалните и регионални власти
Учителската федерација во Романија го даде на суд премиерот и двајца министри
Во Сараево уапсен водачот на муџахедините во БИХ Абу Хамза
Гејтс: Војниците на САД остануваат на Косово уште најмалку една година
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи