
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Командантот на „Јасеновац“ погребан во усташка униформа
Загреб, 25 јули (МИА) - Команданот на логорот „Јасеновац“ од времето на Втората светска војна, Динко Шакиќ беше погребан во Загреб во усташка униформа, во присуство на над 300 лица.
Покрај членови на неговото смејество и пријатели, на погребот што, според медиумите од Загреб, се претворил во усташка манифестација, присуствуваа и преттсавници на неколку хрватски екстремно десничарски партии.
Шакиќ почина на 87-годишна возраст во затворска болница, каде ја издржуваше 20-годишна казна затвор поради воени злосторства. Тој беше уапсен во Аргентина во 1998 година, по што беше есктрадиран во Хрватска, каде во 1999 година беше осуден за мачења и убиства на затвореници во усташкиот логор „Јасеновац“.
За време на Втората светска војна во „Јасеновац“ беа убиени десетици илјади Срби, Евреи и Роми.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|