
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Директните преговори за обединување на Кипар ќе почнат на 3 септември
Никозија, 25 јули (МИА) - Лидерите на двете заедници во Кипар се договорија директните преговори меѓу нив, насочени да најдат решение на повеќедеценискиот спор на островот, да започнат на 3 септември.
Договорот става крај на четиригодишниот застој во мировните преговори, откако кипарските Грци на референдум во 2004 година го отфрлија планот на ОН за обединување на Кипар.
Датумот за почетокот на суштинските преговори беше одреден по денешната средба на кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Таљат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|