Големо невреме ја остави Саранда без струја
Тирана, 25 јули (МИА) - Невреме, проследено со обилни дождови и силен ветер, предизвика дефекти во електромрежата во реонот на Саранда, во јужниот дел на Албанија.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, поради тоа поголем дел од овој реон, вклучувајќи и голем број хотели во туристичката зона, од синоќа се без струја.
Саранда е најубавото летувалиште на албанското крајбрежје, во кое покрај илјадниците туристи од повеќе европски земји, годинава голем е бројот на туристи и од Македонија.
Според албанската електрокорпорација, КЕШ, се вложуваат максимални напори дефектите да бидат отстранети.
|