четврток, 16.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Балкан

Монд: Неопходна политичка волја за влез на Западен Балкан во ЕУ

Париз, 7 август (МИА) - За да биде европската перспектива стварност за земјите од Западен Балкан, неопходна е јасна политичка волја, односно Европската унија да покаже одлучно залагање, а земјите кандидати решеност во поглед на спроведување неопходни реформи, оценува денешен Монд. 

Членството на државите од тој регион во ЕУ е еден од приоритетите на Унијата која како услов го поставува и целосното соработување со меѓународните судови и апсењето на Радован Караџиќ се поздравува како позитивен чекор. 

Проблемот на кој по тоа прашање наидува ЕУ, според наводите на експерти од бриселскиот Центар за европска политика, е во тоа што се обидува во прв план да постави две стратегии - одржување мир во регионот кој се уште не е мирен и обезбедување транзиција на Западен Балкан кон Европа. 

Меѓутоа, „дали таа желба за сузбивање на судирите заради безбедност е компатибилна со настојувањето тие земји да се трансформираат за да се приближат до Унијата. Дали користењето на методата ’прокеторат’ може тие земји да ги подготви за демократија?“, се прашања кои, како наведува Монд, се поставуваат во документот под наслов Балкан во Европа:сузбивање или трансформација? чиј автор е политичкиот аналитичар на споменатата работна група Роса Балфур. 

Монд објавува дека во последниот извештај на ЕК од ноември 2007 година земјите кандидати се повикани да ја сузбијат корупцијата меѓу останатите негативни карактеристики. 

Како проблем за патот на тие држави кон Унијата, Монд ги истакнува и одбивањето на Ирска да прифати реформи на европските институции како и фактот дека тие земји и понатаму се поделени за сложени прашања што се однесуваат на малцинствата и одредувањето на границите. 

„Неопходно е да бидеме стрпливи и одлучни“, се наведуваат зборовите на комесарот за проширување Оли Рен, но како една од главните пречки на патот за „нормализирање на ситуацијата“ недвосмислено се истакнува судбината на Косово, пишува денешен Монд.


Наjновo од Вести
Почнаа предавањата на 14-те факултети на Штипскиот универзитет
Тренковски: Системот на референтни цени на лековите одлично функционира
Двајца војници убиени во престрелка на границата на Камбоџа со Тајланд
Комисијата за финансирање и буџет ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници
Лидерите од ЕУ во Брисел ќе одобрат план за спас на банкарскиот систем и ќе повикаат на светски мерки против кредитната криза
Заев: Високиот трговски дефицит е последица од водењето на макроекономската политика
Бичиклиски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи најмногу за подобрување на состојбата во земјоделството
Црногорската полиција ќе обвини 34 лица за безредијата за време на митингот на опозицијата во Подгорица
Црногорската полиција ќе обвини 34 лица за безредијата за време на митингот на опозицијата во Подгорица
Булќиза: Рударите повторно на протести
Булќиза: Рударите повторно на протести
Маровиќ: Црна Гора нема да ја поништи одлуката за Косово
Турската армија бара ограничување на информациите за нападите на курдските бунтовници
На албанскиот премин Капштица откриени осуммина илегалци од Авганистан
Фејт: Целиот Западен Балкан може да биде дел од ЕУ
Протест на просветните работници во Букурешт
Потребна помош на Унгарија од ММФ за надминување на кризата
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи