
|
 |
Вести / Балкан
|
|
ПКК презема одговорност за експлозијата на дел од нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан
Анкара, 7 август (МИА) - Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за експлозијата на нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан во источниот дел од Турција. По експлозијата беше запрено доставувањето нафта до терминалот во Џејхан.
Според агенцијата Ферат, ПКК објавила дека стои зад нападот изведен во вторникот. Пожарот предизвикан од саботажата се уште не е целосно изгаснат. Властите во првичните изјави не споменуваа за можна саботажа.
Нафтоводот Баку-Тбилиси- Џејхан е еден од главните патишта за транспортирање касписка нафта до турското средоземноморско пристаниште Џејхан од каде нафтата со танкери се пренесува во Европа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|