
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Ивановиќ: Не е возможен дијалог на Цветковиќ и Тачи
Белград, 7 август (МИА) - Државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ изјави дека договорот меѓу Србите и Албанците за Косово ќе биде реализиран за пет-шест години кога меѓународната констелација на силите ќе биде поинаква и на сцена ќе бидат други политички елити.
Во интервју за НИН, Ивановиќ исклучи договор во следните две до три години, наведувајќи дека во актуелниот мандат нема да има контакти меѓу премиерот на Србија Мирко Цветковиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи.
Тој смета дека меѓународнатаз аедница моментно статусот на Косово го доживува како транзициона фаза и дека се работи за лимитиран облик на интерна, внатрешна независност која ќе „трпи“ проверки во следните декади.
- До конечен статус може да се дојде исклучиво ако тоа биде плод на договор на властите во Србија и косовските Албанци. Каков одговор ќе има, ќе зависи од преговарачките елити, смета Ивановиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|