Зголемени платите на припадниците на албанската полиција
Тирана, 7 август (МИА) - Албанската Влада го усвои новиот систем на плати за 17 илјади припадници на полицијата врз основа на кој полицијцитe ќе бидат исплаќани според квалификацијата, работното место и чинот, јави дописникот на МИА од Тирана.
Основицата на платата на полицаец-почетник ќе изнесува над 270 евра, на инспектор - околу 400 евра, на главен инспектор околу 450 евра, на начаник на комесаријат над 700 евра, додека основната плата на генералниот директор на албанската полиција ќе биде околу 950 евра.
Министерот за внатрешни работи на Албанија, Бујар Нишани, оцени дека зголемените плати на припадниците на полицијата ќе бидат мотив повеќе за работа, но и поттик за борба против корупцијата во редовите на полицијата.
Според последната одлука на албанската Влада, значително се зголемени платите на припадниците на полцијата, кои сега се највисоки во државната администарција.
|