понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Сараевскиот бискуп бара ревизија на Дејтонскиот договор

Сараево, 8 август (МИА) - Бискупот на Католичката црква во Сараево, Перо Судар смета дека е потребна промена на политичките односи во Босна и Херцеговина, односно измена на Дејтонскиот мировен договор.

- Дејтонскиот договор мора да биде променет... Се додека претставниците на меѓународната заедница инсистираат на етнички неправедната поделба на земјата, во Босна не ќе биде можно помирување, нагласи Судар во интервју за австриската католичка агенција „Катпрес“. 

Според него, во БиХ луѓето и натаму живеат „далеку од добар соживот“.

Тој оценува дека апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ „делумно ја намалил болката на десетиците илјади лица кои биле мачени во логорите“, како и на членовите на семејствата на жртвите и на протераните.

Судар смета дека доколу Караџиќ биде осуден, мора да „уследат последици по иднината на земјата“, односно да дојде до промена на Дејтонскиот договор, кој според него, претставува „непремостлива препрека на патот кон вистински мир“.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи