
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Турција ќе ги регистрира купувачите на порнографски материјали
Анкара, 8 август (МИА) - Турската владејачка происламска Партија на правдата и развојот (АКП) предлага закон за заштита на младите, со кој се предвидува регистрација на сите лица кои купуваат списанија, компакт дискови, ленти и други материјали со порнографски содржини, објави весникот „Милиет“.
Според потпретседателката на АКП, Едибе Созен предлог-законот е изработен врз основа на решенијата на германското законодавство за оваа проблематика.
Со законот продавачите на материјали со порнографски содржини ќе бидат обврзани да им земаат лични податоци на купувачите, меѓу кои и нивните матични броеви. Ваквите податоци за љубителите на порното секој месец ќе треба да се доставуваат до Главната дирекција за млади и спорт.
Продавниците што нема да го почитуваат законот ќе бидат санкционирани со парични казни во висна не помала од нивниот шестмесечен промет, а одговорните лица може да добијат и затворски казни во траење до една година.
Покрај ова, предлог-законот предвидува во училиштата да бидат обезбедени посебни простории каде учениците од сите релогии ќе можат да се молат. Во образложението се наведува дека ваквите „духови храмови“, како што се нарекуваат просториите за молење, се воведуваа со цел да се обезбеди „правилен и балансиран развој“ на учениците.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|