
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Нов корупциски скандал во Грција
Атина, 8 август (МИА) - Грчкото Јавно обвинителство покрена обвинение против Панајотис Захариу, шеф на кабинетот на поранешниот грчки министер за Егејот, Аристидис Павлидис, поради сомневањата дека земал поткуп во висина од милион евра.
Според грчките медиуми, Захариу од бродосопственикот Фотис Манусис побрал и земал мито за да му издаде лиценца за пловење на неговите бродови.
„Елефтеротипија“ наведува дека овој псоледен во серијата скандали во Грција и создава нови „главоболки“ на Владата на премиерот Костас Караманлис, додавајќи дека Обвинителството ја испитува и улогата на самиот поранешен министер Павлидис во целиот случај.
„Та Неа“ наведува дека скандалот со земање мито од страна на „десната рака на еден министер“ ја шокирал Владата, додека весникот „Ники“ оценува дека владејачката партија Нова демократсија „се задушува во поткупи и провизии“.
Опозициското Сегрчко социјалистичко движење соопшти дека најновиот скандал претставува „големо морално и политичко прашање“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|