
|
 |
Вести / Балкан
|
|
„Република“: Можни предвремени парламентарни избори во Црна Гора
Подгорица, 8 август (МИА) - Во март 2008 година можно е во Црна Гора да се одржат предвремени парламентарни избори, доколку двете партии во владината коалиција до есен не се усогласат за неколку законски прописи, објавува во денешниот издание подгоричкиот весник „Република“.
Весникот наведува дека раководството на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) именувал двајца претстваници за преговори со помалиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија (СДП), за надминување на спорот околу законот за концесии и за останатите отворени прашања во функционирањето на владината коалиција.
Според извори во ДПС, преговорите би требало да почнат на почетокот на септември, при што начелно како краен рок за постигнување договор е одреден декември. Доколку до тогаш не биде постигнат договор, извесно е дека ќе дојде до распад на коалицијата, распуштање на Парламнетот и одржување на предвремени избори.
- Доколку не се договориме со помалиот колаициски партнер за глобалниот концепт за развој на државата, во март ќе бидат одржани вонредни парламентарни избори, изјавил за весникот истиот извор, наведувајќи дека на ваквите избори ДПС би настапила самостојно.
„Република“ наведува дека меѓу ДПС и СДП, кои на минатите во 2006 година настапија во коалиција под името „За европска Црна Гора“, постојат големи разлики, кои можат да се оценат како концепциски.
Кризата во односите меѓу двете партии, која постои уште од формирањето на Владата, дополнително се продлабочи пред 15 дена кога пратрениците на СДП ја напуштија седницата на црногорското Собрание воочи гласањето за Предлог-законот за концесии, бидејќи Владата не ги прифати нивните амандмани.
Редовен термин за одржување на парламентрани избори во Црна Гора е крајот на летото или почетокот на есента 2010 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|