
|
 |
Вести / Балкан
Русија нема да ја признае независноста на Косово
Москва, 27 август (МИА) - Русија не планира да ја признае независноста на Косово, изјави синоќа амбасадорот на Русија во ОН Виталиј Чуркин.
- Русија не планира да ја признае независноста на Косово и тоа нема да го дочекате, рече шефот на руската мисија при светската организација на прес-конференцијата во Њујорк.
Чуркин „призна дека преседанот на Косово влијаел врз одлуката на Москва да ја признае независноста на Абхазија и на Јужна Осетија“, наведуваат руските медиуми.
- Сакам да потсетам, кога почна активно да се размислува прашањето за прогласување на независност на Косово, кога завршуваше рокот кој беше даден за разгледување на планот на Марти Ахтисари, ние предупредувавме дека, по слично сценарио, можат да се придвижат и работите на Кавказ. Така и се случи, рече рускиот дипломат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|