
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Кипар вознемирен по признавањето на Јужна Осетија и Абхазија од страна на Русија
Никозија, 27 август (МИА) - Кипарската Влада е длабоко вознемирена од развојот на настаните во Грузија и ги почитува меѓународните правни норми, вклучувајќи ја го и територујалниот интегритет на државите, на уставот на ОН и на принципите, кои се содржат во декларацијата од Хелсинки, се вели во соопштението од Владата во Никозија, објавено денеска во грчките весници на островот како реакција на вчерашното прознавање на отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија од страна на Русија.
Во документот, уште се наведува дека Кипар е за мирни решавање на меѓународните спорови, со политички средства, преку преговори и со воздржување од еднострани дејствија, кои можат да ја влошат ситуацијата во овој чувствителен регион.
На 1 септември кипарскиот престедател Димитрис Христофиас заминува за Брисел за да учествува на вонредната седница на ЕУ, свикана од шефот на француската држава Никола Саркози, чија земја претседава со Унијата. Дневниот ред на средбата е се единствена точка - ситуацијата во Грузија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|