
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Сејдиу: Косово не може да биде пример за Русија за да ги признае Јужна Осетија и Абхазија
Приштина, 27 август (МИА) - Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека Косово не може да претставува пример за Русија за признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија.
- Многупати досега сме објасниле дека Косово има специфични карактеристики. Ова прашање е sui generis и не може да се користи како преседан за останатите конфликтни региони, истакна Сејдиу.
Тој директно не го коментира признавањето на Русија на двете отцепени области, но додаде дека по тоа прашање „Косово е на страна на светските сили“.
Сејдиу ја отфрли можноста за негативно влијание на руското признавање на Јужна Осетија и Абхазија врз процесот на меѓународното признавање на независноста на Косово.
- Мислам дека ова темпо на признавање ќе продолжи. Верувам дека и други земји ќе ја признаат независноста на Косово, објасни косовскиот претседател.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|