понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Балкан

Шварц-Шилинг: ЕУ од „грузиската лекција“ да извлече поуки за Балканот

Берлин, 27 август (МИА) - Германскиот политичар Кристијан Шварц-Шилинг изјави за Тагесцајтунг дека Европската унија треба „да ја научи лекцијата“ од случувањата во Грузија за да ја поправи својата „млака“ политика спрема Западен Балкан. 

„Историска трагедија е тоа што Европа се уште не е подгтовена да ги исполни задачите кои се пред неа. Уште пред десет години требаше со сите суштински, цивилни мерки да придонесеме за демократизација на Грузија, но тоа го пропуштивме. Не смееме да ја направиме истата грешка и со Западен Балкан, бидејќи тоа е регион кој се наоѓа во центарот, а не на работ на Европа, изјави тој.

Шварц-Шилинг беше до 2007 година висок меѓународен претставник во Босна и Херцеговина. 

Според него, во моментов ЕУ треба најпрво да ги укине визите за земјите од Западен Балкан. 

- Прашањето на визите е многу важно за младите луѓе. Речиси 80 отсто од нив сакаат да си заминат  од татковината затоа што се чувствуваат затворени од сите страни, за разлика од нивните дедо и баба - каков ли парадокс!, кои порано можеа да патуваат кај што сакаа и кога сакаа, изјави Шварц-Шилинг (77), кој е член на Демохристијанската партија. 

Веднаш потоа, по негово мислење, треба да следи втор чекор - ЕУ да побара нов начин за прием на тој регион во Унијата. 

„Европската унија не се смета за надлежна за многу проблеми кои го засегаат Балканот. Затоа на хоризонтот се наѕираат нови, трагични судири, смета тој.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
Голем пожар во фабрика крај автопатот Тирана-Драч
Двајца загинати и 10 повредени при експлозија на гас во општинска зграда во Турција (ДПЛ)
Петмина повредени при експлозија на бомба пред седиштето на Партијата за правда и развој во Истанбул
Експлозија на гас во општинска зграда во Турција - двајца загинати и 10 повредени
Се уште неизвесен победникот на парламентарните избори во Романија
Во Солун уапсен Албанец од „црвената“ потерница на Интерпол
Поплавено хрватското крајбрежје
Ѓукановиќ: Црна Гора е подготвена да добие кандидатски стаус за влез во ЕУ до крајот на годинава
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи