Именувани првите четворица косовски амбасадори
Приштина, 27 август (МИА) - Претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи ги именуваа првите четворица косовски амбасадори во САД, Велика Британија, Франција и Белгија, објавија денеска приштинските медиуми.
Косовски амабсадор во САД ќе биде директорот на Радио Косово, Авни Спахиу. За амбасадор во Велика Британија е именуван политичкиот советник на претседателот, Мухамед Хамити.
Професорот на Универзитетот во Париз Мухамедин Кулаши ќе биде амбасадор во Франција, а во Белгија е назначен адвокатот Али Криезиу.
Косово наскоро ќе отвори дипломтски претставништва и во Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, Турција и Албанија.
|