
|
 |
Вести / Балкан
|
|
Во Италија уапсена Албанка која шверцувала девојки за Франција
Тирана, 27 август (МИА) - Италијанската полиција ја уапсила 26-годишната албанската државјанка Марика Бано член на организирана група за трговија со бело робје, јави дописникот на МИА од Тирана.
Бано, која живеела во Карбонара Скривиа во подрчјето на Тортонезе, уапсена е на барање на француските правосудни органи.
Таа ќе се најде пред судот во Торино кој треба да одлучи кога таа ќе биде екстрадирана, бидејќи треба да одговара пред судските органи во Франција.
Организираната група шверцери составена од Албанци, шверцувала млади девојки до Франција, кои ги принудувале на проституција и во Италија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|